Донаторска конференција на ЕУ за помош на Турција и Сирија на 20 март

Донаторската конференција на Европската унија за поддршка на Турција и Сирија наместо на 16 март ќе се одржи на 20 март, соопшти Европската комисија.

Домаќини на донаторската конференција ќе бидат Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европската комисија и Улф Кристерсон, премиер на Шведска, земја која моментално претседава со Советот на ЕУ.

Во соопштението на Европската комисија се наведува дека ЕУ и нејзините земји членки имаат намера да дадат значителна поддршка за понатамошна помош, закрепнување и обнова во Турција и Сирија.

Досега ЕУ одвои 12 милиони евра (12,7 милиони долари) хуманитарна помош за итните потреби на населението во Турција, како и уште 10 милиони евра за Сирија.

Повеќе од 46.000 луѓе загинаа во Турција во земјотресите со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала што го погодија јужниот дел на земјата на 6 февруари. Најмалку 5.840 луѓе загинаа во соседна Сирија.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното