Свет

Дополнителна помош од 100 милиони долари од Јапонија за Украина

Дополнителна помош од 100 милиони долари од Јапонија за Украина

Јапонската влада одлучи да обезбеди дополнителни 100 милиони долари итна хуманитарна помош за Украина и соседните земји кои примаат воени жртви кои избегале од земјата.

Помошта од Јапонија ќе се троши за лекови и прва помош, изградба на привремени засолништа, дневни потреби и храна, како и за заживување на земјоделското производство во Украина и расчистување на остатоци и неексплодирани мини од руската офанзива.

Јапонската влада на 11 март прво одлучи да обезбеди итна хуманитарна помош во вредност од 100 милиони долари за поддршка на кризата во Украина, каде Русија започна војна.

Јапонскиот премиер Фумио Кишида на самитот на Г7 што се одржа во Брисел на 24 март објави дека се подготвени да обезбедат дополнителни 100 милиони долари за поддршка.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни