Доставува пошта и се фотографира со животните – еве за што се работи

Еден поштар од Бразил по име Кристијано да Силва Антунес стана мега популарен на интернет.

Имено, тој се фотографира со домашните миленичиња со кој се среќава во куќите и дворовите каде доставува пошта.

Тој дури и се нарекува себеси „Картеиро амиго дос анимаиш“, што во превод значи „поштарот пријател на животните“.

Како и многупати што објавува на својот Инстаграм профил, неговата главна цел на објавувањето на фотографиите е тоа да се сруши урбаната легенда дека животните и поштарите не се сакаат.

Веселиот поштар внимателно го поздравува секое животно на кое ќе наиде… Ги гали и, откако ќе ја добие нивната доверба – се фотографира со нив. Снимките потоа ги објавува на своите социјални мрежи, каде што сега го следат повеќе од 100 илјади луѓе.

Покрај тоа, Антунес се труди да им помогне на што повеќе напуштени и повредени животни.

Мноштво фотографии кои прикажуваат спасување животни се достапни на неговите профили на Фејсбук и Инстаграм. Неговите фотографии редовно добиваат по неколку илјади допаѓања, а има следачи-ентузијасти од целиот свет.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното