Македонија

Драма во Кисела Вода: Две лица демолираа казино и активираа противпожарни апарати, неколку лица побараа лекарска помош

Драма во Кисела Вода: Две лица демолираа казино и активираа противпожарни апарати, неколку лица побараа лекарска помош
Фотографија направена со помош на ВИ

На 28.09.2026 во 02:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека во казино на подрачјето на Кисела Вода, две лица ги вознемирувале гостите во објектот, а едниот од нив фрлил мобилен телефон кон едно женско лице, но не ја погодил.

Исто така, според пријавеното, лицата оштетиле дел од инвентарот и активирале противпожарни апарати, при што неколку лица – гости и вработени, поради проблеми со дишењето биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни