Лејди Гага е позната по својот ексцентричен стил на облекување и навикнати сме во секоја прилика да не изненадува со нејзините модни изданија.
Лондонската премиера на „Куќата на Гучи“ беше идеална за Лејди Гага да блесне во полн сјај.
Таа, секако, се појави во фустан од „Guci“ од најновата колекција лансирана минатата недела, со што и официјално прва го облече овој модел.
Виолетовиот фустан со проѕирна наметка и плисиранo здолниште со висок шлиц на колковите изгледаше доволно ефективно, но Лејди Гага не можеше да одолее дополнително да го „зачини“. Носеше мрежести чорапи и чевли со платформи и штикли по кои е препознатлива.
Во филмот „Куќата на Гучи“, Лејди Гага ја игра озлогласената црна вдовица Патриша Реџиано, која го нарачала убиството на нејзиниот сопруг, сопственик на италијанската модна империја и ги доби сите пофалби за нејзината глума.