Дрога и бел прав – полицијата приведе десет лица, меѓу нив и малолетник во Скопје

Скопската полиција уапси десет лица, меѓу кои и малолетник, во координирана акција спроведена на повеќе локации низ градот. Приведени се лица од Скопје, како и 40-годишен државјанин на Турција.

При претреси кај осомничените биле пронајдени бела прашкаста материја, шишиња со течност и марихуана, кои се одземени за вештачење.

Од МВР информираат дека сите приведени се лишени од слобода, а по целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци до надлежните институции.