Државниот завод за ревизија се соочува со блокада веќе две години. Комисијата за избори и именувања во Собранието останува под блокада, бидејќи пратениците од парламентарното мнозинство, СДСМ и ДУИ сѐ уште не можат да се договорат околу тоа кој да застане да чело на ревизија. Претседателот на Собранието, ги повика политичките партии да престанат да ги блокираат институциите.
Во Комисијата за избори и именувања, мнозинството го има опозицијата, што оневозможува да бидат усвоени новите предлози во регулаторните тела. Според претседателот на Собранието, комисиите треба да ја отсликаат корелацијата меѓу политичките партии, но тоа да се регулира со одлука на Собранието, согласно Деловникот.
Доколку Собранието не избере ревизор во предвидениот рок, тогаш нема да има кој да ги потпишува извештаите, годишните програми за работа, платите на вработените, со што од петок оваа институција е во опасност да биде блокирана. Освен за ревизија, Собранието сѐ уште ги нема избрано ниту членовите на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, ниту на Програмскиот совет на Македонската радио телевизија.