Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) изврши вонреден надзор по смртта на деветгодишното дете Н.А. од Пеширово. Инспекциите обфатиле матичниот лекар во Свети Николе, Клиничка болница-Штип и Клиника за детски болести во Скопје. Според извештајот, не се утврдени недостатоци во работата на овие институции.
Детето се јавило на 14.01.2025 година во ПЗУ Д-р Оливер со симптоми на болки во стомакот, висока температура и повраќање. По лабораториски испитувања и инфузионa терапија, детето било упатено во Штип, каде му е поставена дијагноза сомноленција.
„При преглед детето било поспано, афебрилно, без убедливи знаци за дехидратација. Направени му се лабораториски испитувања по што дадена му е инфузиона терапија во тек на која кај детето настапува сомнолентност со слаба реакција на говор заради што е упатено во ЈЗУ Клиничка болница Штип“, се вели во соопштението од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.
ДСЗИ констатирал дека здравствените установи постапувале согласно протоколите и не утврдиле неправилности.