Вирално ново видео со стара содржина од конфликтот 2001 повторно станува актуелно на социјалните мрежи а кое го пласираат функционери на ДУИ на кое се гледа и првиот интегративец Ахмети облечен во УЧК униформа како врховен командант на ОНА и порачува дека до сега не изгубил ниту една војна.
Што треба да значи видеото и дали ДУИ се заканува преку воени видеа тв 24 ги праша во Мала Речица. Отаму тврдат дека видеото било спонтано.
– Овие видеа ги комантираме како израз на страв од тоа што ДУИ не е повеќе на власт, и што нејзините челни луѓе се соочуваат со одговорност. Наместо милитантни видеа почесно ќе беше да излезат со видео од дворецот на Ахмети во Зајас, имотот на внучето од Соравија и видео од мајбахот на сватовите или пак камионите јаглен од РЕК кои работеа за функционери на ДУИ.