Министерството за транспорт преку Државниот инспекторат за транспорт изврши вкупно 138 инспекциски надзори во последните три дена, како дел од акцискиот план за засилен надзор во областа на патниот превоз. Во контролите, кои ги спроведоа државните инспектори за патен сообраќај, се констатирани 21 неправилност кај правни и 10 кај физички лица кои вршат превоз на патници и стоки.
За сите утврдени неправилности се изречени соодветни казни, а известени се и Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство за понатамошно постапување.
Компании со констатирани неправилности:
- Дурмо Турс, Гостивар
- Дени Интернационал, Илинден
- Свис Мак Алигега, Гостивар
- Зем Промет – Компани, ул. Босилово бр.13, Сарај
- Словин Билјана, Охрид
- Бис, Охрид
- Пештер ДОО, Скопје – Чаир
- Димитриоски, Скопје – Гази Баба
- Хисари-ГД, Дебар
- Инком Бизнис, Куманово
- Палас Експорт-Импорт, Гостивар
Дополнително, казнети се и 10 физички лица кои нелегално вршеле превоз на патници и стока.
Од понеделник, 24 март 2025 година, Државниот инспекторат за транспорт најавува секојдневни и интензивни контроли согласно новиот акционен план. Инспекторите ќе вршат проверка на лиценци, изводи, дозволи, сертификати за професионална компетентност на возачи, тахографи, како и надзор на безбедноста во сообраќајот и спречување на нелегален превоз.
„Целта е зголемување на безбедноста, редот и легалноста во патниот сообраќај“, стои во соопштението од Инспекторатот.