Во изминативе шест дена имало дури два обиди за кражби на Клиниката за онкологија и радиологија.
Првиот случај бил регистриран на 2 април кога непознат сторител насилно влегол во просторија наменета за персонал и отворил шкафови. Според информациите, ништо не било украдено, но сепак било извршено претурање.
Засега нејасно е дали недостасуваат картички со податоци за пациенти.
Според 24Инфо и информации од соговорници, дел од шкафовите биле директно поврзани со случајот „Онкологија“, во кои имало документација што е предмет на обвинителска постапка – па оттука се поставува прашањето дали можеби целта не била кражба туку упад во шкафови и документи.
Вториот случај се случил на 8-ми на полноќ и истиот бил безуспешен за 17 годишник од Скопје кој полицијата веднаш го привела.
„На 08.04.2025 во 00.00 часот од Клиниката за онкологија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар лишиле од слобода 17-годишник од Скопје поради постоење основи на сомнение дека насилно отворил 18 шкафови на персоналот кои претходно биле заклучени, при што одзел пари и други предмети,“ соопштија од МВР.