Два земјотреси со јачина од 5,3 и 5,2 степени според Рихтеровата скала, со разлика од една минута, се случиле вечерва во близина на брегот на Санторини, соопшти Геодинамичкиот институт, објавија грчките портали.
Земјотреси се почувствувани во Атика и Крит.
Првиот земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала се случи во 22:15 часот со епицентар на 15 километри југо-југозападно од Аркесини, Аморгос, според ревидираното решение на Геодинамичкиот институт.
Вториот земјотрес се случи во 22 часот и 16 минути и беше со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала.
Во сеизмичката „невреме“ на Кикладите во последните три дена се забележани 550 земјотреси на морското подрачје меѓу Санторини, Аморгос и Иос со магнитуда поголема од три Рихтер, со максимални 4,9 степени.