Двајца станари, пожарникар и полицаец повредени во пожарот кој избувна во зграда во Кисела Вода

Двајца станари, пожарникар и полицаец се повредени во пожар што синоќа избувна во зграда во Кисела Вода. Еден стан е целосно изгорен, а неколку други се оштетени, оставајќи дел од станарите без дом, објави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Жителите се евакуирани и засолнети во мојот кабинет. Благодарен сум на противпожарната бригада и полицијата за брзата интервенција – напиша Ѓорѓиевски, додавајќи дека ќе се обезбеди привремен престој за погодените.

Според МВР, пожарот избувнал во стан на 86-годишен жител. Повредените, вклучително и сопствениците, биле пренесени во „Мајка Тереза“ поради вдишување чад. Увидот ќе се врши денес.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното