Двајца загинати и шестмина повредени во судир на воз во Бугарија

Двајца загинати и шест повредени е досегашниот биланс од директниот судар на два товарни воза во близина на Софија, Бугарија .

Железничката несреќа се случила околу 16 часот во предградието Кремиковци во бугарската престолнина.

Љубомир Николов, шеф на одделот за внатрешни работи на главниот град во Министерството за внатрешни работи, за новинарите изјави дека во двата воза имало вкупно осум лица.

По судирот избувнал пожар во еден од двата воза, но тој брзо бил изгаснат. Според fakti.bg, Николов изјавил дека возовите се движеле по иста линија, најверојатно поради грешка во управувањето со сообраќајот. Според него, едниот воз превезувал метали, а другиот мебел.

Двајца од шестмината повредени се хоспитализирани во критична состојба, информираат од бугарското Министерство за здравство.

Неколку часа по железничката несреќа , привремениот премиер Димитар Главцев го разреши Бишер Минцев, заменик-министер за транспорт задолжен за железници.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното