Две нови авиолинии од Скопје до Женева и Париз на барање на дијаспората

Скопје добива две нови авиолинии, кои ќе го поврзат Меѓународниот аеродром во Скопје со Женева и Париз (аеродром „Орли“). Ова го соопшти Министерството за транспорт, кое истакна дека новите линии се воведуваат како одговор на барањата на македонската дијаспора.

Авиокомпанијата „Изиџет“ (easyJet) ќе ги оперира овие дестинации. Линијата Скопје-Париз ќе започне со работа од 2 април, додека линијата Скопје-Женева ќе биде достапна од 3 ноември годинава.

Новите авиолинии се очекува да го олеснат патувањето за голем број граѓани кои живеат и работат во Швајцарија и Франција, како и да придонесат за зајакнување на економските и културните врски меѓу Македонија и овие земји.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното