Две згради во населбата Фатих во Истанбул се урнаа, најверојатно поради експлозија на гас, а бројни спасувачки екипи се на терен и ги извлекуваат луѓето заробени под урнатините. пишува „Туркие газетеси“.
Според последните информации, девет лица биле под урнатините. Седум од нив се извлечени и однесени во болница, едно лице е пронајдено и се спасува, додека по друго лице сè уште се трага. Спасувачката акција трае од пладне, а неколку повредени лица се извлечени во првите часови.
Дополнителни екипи на пожарникари, полицајци и Службата за вонредни ситуации (AFAD) од други делови на градот, исто така, пристигнале на помош. Областа е обезбедена во радиус од неколку стотици метри, а во потрагата учествуваат и кучиња трагачи.
Ова е дел од градот со постари и дотраени згради.
Сведоци велат дека во времето на несреќата се слушнале гласни детонации, по што настанал хаос. Луѓето се обиделе да им помогнат на повредените, додека спасувачките екипи ги извлекувале закопаните под урнатините.
Ова е дел од градот со постари и дотраени згради, што дополнително ја комплицира ситуацијата.
Властите велат дека сè уште е во тек истрага за да се утврди точната причина за уривањето, но првичните проценки укажуваат на експлозија на природен гас како најверојатна причина за несреќата.
