Во Калесија на североистокот на Босна и Херцеговина, ноќта од среда кон четврток беа убиени жена и момче, нејзиниот син.
Осомничениот најверојатно е поранешниот сопруг, односно таткото на момчето.
Според првите информации тој е во бегство и по него се трага.
Портпаролот на Обвинителството на кантонот Тузла, Адмир Арнаутовиќ за Радио Слободна Европа потврди дека обвинителот вршел истрага во текот на ноќта и дека повеќе информации ќе се знаат во текот на денот.
Речиси половина од жените во Босна и Херцеговина доживеале некаков облик на насилство од 15-годишна возраст, според истражувањето на ОБСЕ за насилството врз жените во Босна и Херцеговина.
Според податоците на Високиот судски и обвинителски совет на БиХ, само во периодот од 2021 до 2022 година во БиХ биле убиени 19 жени, додека нивните податоци покажуваат и дека за насилство врз жените најчесто се изрекуваат условни казни, а помалку затвор и парични казни.
Сепак, дури 84 отсто од случаите на насилство никогаш не се пријавени.