Еден час пауза во Собрание – Џафери им даде 15 минути повеќе за да „доодморат“ пратениците

Ниту еден час не се во сала пратениците, но сепак добија еден час пауза.

Паузата ја побара Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со цел да имаат можност

„Вчера пет саати не убедувавте дека технички не функционираат системот, и навистина не функционираше. Ама системот и сега не функционира, еве пратениците се надвор и кажуваат дека нема звук на она што значи пренос. А за да проверите тоа, како координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ барам еден час пауза за да имате можност да излезете и да го видите тоа“, порача Мицевски.

Претседателот на Собранието Талат Џафери посочи дека секако ќе им даде еден час пауза, и порача дека тој час ќе го надоместат после.

„Објавувам пауза, продолжуваме во 15, во 16 часот, 15 минути од мене имате да доодморите“, вели Џафери.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното