„Еден мораш да врзеш за радијатор“: Татко од Нови Сад објави хит оглас за бебиситерка, дали е тоа шега?

Колку навистина им е тешко на самохраните родители покажува оглас на татко кој решил на своите малечки да им обезбеди дадилка која ќе може да ги чува. Како што и самиот напишал, мајката ги оставила, „бидејќи и ја пиеле крвта“, но тоа е само еден дел од урнебесниот оглас кој кружи на интернет.

Имено, мажот решил да побара помош дома во Фејсбук групата „Татковци Новосаѓани“, а неговиот оглас стана вирален.

-Итно ми треба жена која ќе чува две деца. Постариот има 13 години, а помалиот 8. Би имала 300е месечно и храна. Што се однесува до хранењето на децата, вие немате врска со нив, тие го земаат чипсот со кола и сами се јадат. Ваша одговорност би била да не дозволите да се тепаат, да не фрлаат столици, чинии, џојстици и сл. Ќе ти покажам каде е стапот со кој ги смирувам, па ќе ви го дадам да го користите. Можеби ова ви звучи брутално, но ќе видите дека ќе биде потребно. Мајка им не остави, вели дека сме енергетски вампири, дека сме ја исцицале сета енергија од неа. Хормоните на постариот почнуваат да се нафрлаат, па ако е безобразен, слободно користете го мојот смирувач. Помладиот ќе треба да го однесете наутро на училиште, а за тоа време постариот да го врзете за радијаторот, инаку веднаш ќе се прикраде до улицата „Гумпендорфер“ за да ја купи тревата што ја пушеше. Помладиот изгледа е посмирен, но не се лажете, ако сте пушач, внимавајте, знае да го извади тутунот од цигарата и да стави петарда, тоа го правеше на својата баба редовно додека не и испаднаа кутрата и последните две парчиња од забот, па цел живот јадеше само палента. Платата нормално би била 200е, но давам 300 затоа што сепак се малку позахтевни. Позз – напишал еден татко, а потоа почнале да се слеваат коментари.

Судејќи според реакциите на луѓето, никој не е сигурен дали рекламата е навистина сериозна или е шега, а во коментарите никој не се огласи да чува, како што вели овој татко, двe деца.