Свет

Еден загинат, а 44 повредени во сообраќајна несреќа во Швајцарија

На автопатот кај Цирих рано утринава, автобус излетал од патот и се забил во ѕид. Во несреќата загинал еден патник, а 44 лица се повредени, од кои тројца се во тешка здравствена состојба, соопшти швајцарската полиција.

Инаку автобусот патувала од италијанскиот град Џенова кон Диселдорф во Германија. Полицијата ги истражува деталите за несреќата.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни