57 годишен градежен работник од Скопје го загуби животот, додека неговиот пет години помлад колега од Куаново се здоби со повреди. Несреќата се случила при ископ за градење на потпорен ѕид на улицата Христо Татарчев, во скопската населба Припор.
Во моментите кога се одвивала работата на градежната механизација дошло до одрон на земјата, со која биле затрупани двајцата колеги. Едниот починал на лице место, а другиот со возило на Брзата помош веднаш бил транспортиран во старата Градска болница во Скопје. Констатирани му биле полесни повреди на горните и долните екстремитети, по што бил пуштен на домашно лекување.
Од општина “Кисела Вода” велат дека фирмата била ангажирана за изградба на потпоред ѕид, а повеќе информации ќе соопштат откакао ќе го добијат извештајот од МВР и ЈО.
Работниците се ангажирани од страна на фирмата изведувач Баџак инжeнеринг. Целта на ангажманот на фирмата изведувач е изведба на потпорен ѕид на ул. Христо Татарчев крак 14. Истата фирма изведувач потпиша договор со Општината по извршена јавна набавка. Во интерес на истрагата неможе да се соопштат повеќе информации, се чека извештај од Јавен обвинител и МВР, со кои Општината ќе соработува, се вели во соопштението.
Извор: Сител