Еден од убиените во вчерашниот напад врз синагога во Манчестер бил случајно погоден од полицаец додека полицајците се обидувале да го разоружаат напаѓачот, се вели во соопштението на полицијата, цитирано од Ројтерс.
Две лица беа убиени, а три беа тешко повредени во напад во близина на синагога во англискиот град Манчестер. Властите го опишаа инцидентот како тероризам и уапсија двајца осомничени.
Полицијата утрово добила пријава за возач кој со автомобилот влегол во луѓе пред локална синагога. Мажот излегол и ги нападнал верниците со нож.
Откако не ги послушал пристигнатите полицајци, бил елиминиран.
Инцидентот се случил за време на најсветиот верски празник за Евреите – Јом Кипур.