Едноставен рецепт за вкусна торта со вишни

Задоволство кое брзо се подготвува.

Состојки:

– 1 кг вишни

– 6 белки

– 16 лажици шеќер

– 8 лажици масло

– 8 лажици вода

– 6 жолчки

– 26 лажици брашно

– 1 прашок за пециво

Подготовка:

Белките се одвојуваат, се додава шеќерот, па се меша во смесата, па се додава маслото, водата, жолчките, брашното и прашокот за печиво.

Смесата истурете ја во плех обложен со хартија за печење.

Ставете ја во рерна загреана на 200 степени и печете додека не се залепи кора на површината.

Извадете ги и посипете ги со вишни и вратете ги на печење.

Готовиот колач посипете го со шеќер во прав. Исечете кога целосно ќе се излади.

Добар апетит!

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното