Половината од потребната сума пари се собрани за операција на очите на 18-годишната девојка Ивана Атанасовска од Скопје, откако ТВ21 објави дека потребни се 15 000 евра за операцијата.
„Да ви кажам малку сум изненаден има многу, некаде половина од средствата се собрани. Првите денови имаше голем одѕив и телефонски и на сметка има и фирми. Мислам дека ќе биде се во ред уште има уште еден месец“, вели Дејан Атанасовски – татко на Ивана.
Операцијата ќе ја извршени 72-годишниот д-р Енс Молдашев , пензиониран хирург, во државната болница во градот Уфа во Русија, Центар за очна и пластична хирургија. Ова е првата болница каде што им е кажано на родителите дека има надеж на Ивана да и се врати видот.
„Секаде каде што бевме низ сите држави и во Македонија и каде ми кажаа дека никогаш нема да гледам, јас плачев малку, амане, јас сум храбра и едвај чекам да дојде денот кога ќе се разбудам со светлина“, вели Ивана Атанасовска.
„Може видот да се врати 5, 50, 90 или 100 % зависи од организмот. Има случа од Македонија од Пробиштип е девојката, после 12 саати вратен е видот 90 посто“, додава таткото на Ивана.
Кога почнала Ивана да го губи видот почнале и проблемите во средината каде живее и се движи. Наишла на многу сопки, а најмногу од групата врсници како што вели таа.
Имаше еден случај кога се качив во градски автобус не можев да го видам бројот отидов до кај шоферот и најдобронамерно го прашав, а тој ми рече.„Ти ќорава ли си нели гледаш“, тоа ме повреди ама тоа е негово однесување.
На 22 јануари во 20 часот во МКЦ, ќе се одржи хуманитарен концерт на кој ќе настапуваат звучни имиња како: диџеите Чваре и Чарли, Синтезис , Монистра, Летечки пикинејзери, Фолтин. Собраните пари од овој настан ќе бидат донирани за операција на 18-годишната Ивана.
РЕПОРТЕР: АЛЕКСАНДРА ВЕЛИНОВА


