ЕКСКЛУЗИВНО: Авион со 180 патници полетал од Охрид за Германија, свртил пред Ниш и пак слета во Охрид

Вистинска драма се случуваше денеска на македонското небо, дознава 4NEWS.mk. Патнички авион од Охрид полетал со еден час задоцнување со 180 патници, крајна дестинација била Фридрихсхафен, Јужна Германија. Но, набргу пред Ниш, Србија авионот започнува да ја намалува вистината и брзината на движење, врти во десно и се враќа кон Македонија.

4NEWS.mk имаше увид во летот. Според статистиките авионот на WizzAir од 6.400 метри, се спушта на 2.477 метри.

„Авионот правеше чудни маневри. Ова не ми е прв пат да се возам со авион. Не добивме никакво објаснување што точно се случи. Други ми кажаа дека станува збор за технички проблем“, вели една патничка со која разговаравме.

Станува збор за авион „Airbus A320-232“. Во воздух се задржал над два часа.