ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО: 25 годишно момче пешак загина по судир на две возила синоќа во Скопје

Доцна синоќа околу 23 часот и 25 минути на улица Словенечка во Скопје се случи тешка сообраќајна несреќа. Според првичните информации на 4NEWS.mk едно лице загина.

Во сообраќајната несреќа учествувале патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управувано од С.О.(39) од Скопје и патничко моторно возило „мерцедес“ со италијански национални ознаки управувано од А.С.(41) од Скопје, при што возилото „мерцедес“ удрило во пешакот М.В.(25) од Скопје.

По несреќата пешакот бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде им подлегнал на повредите, а од страна на лекар констатирана била смрт.

Возачот С.О. и неговата сопатничка М.О.(28) од Скопје се здобиле со тешки телесни повреди, а возачот А.С. со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „8 ми Септември“.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.