Големо свлечиште вечерва целосно го затвори автопатот Скопје – Велес, јавува репортерот на 4news.mk.
Свлечиштето е пред патарината Сопот.
Десетици автомобили со цели семејства се заглавени.
Снаодливи возачи пробуваат по шумски пат преку село Ветерско да излезат од хаосот, додека пак на терен остануваат заглавени камионите.
На терен се и полициски службеници.