Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера за време на посетата на Црна Гора рече дека Турција има историска одговорност и обврска кон земјите од регионот.
На новинарско прашање во Цетиње во врска со неговата претходна посета на Босна и Херцеговина и изјавата на членот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, дека му верува повеќе на Ердоган отколку на Западот, турскиот претседател рече дека посетите на БиХ и Црна Гора ја покажуваат одговорноста на Турција кон регионот.
„Тука имаме историска одговорност и обврска. Затоа ги продолжуваме посетите на балканските земји и затоа ќе ги продолжиме. Вчера бев во БиХ и разговарав со нашите пријатели таму. Нивната заедништво е многу важна за нас. Верувам дека Босна и Херцеговина може да ги надмине своите проблеми во единство и заедништво“, нагласи Ердоган.
Ердоган посочи дека на денешната средба со претседателот на Црна Гора, Милован Ѓукановиќ, била потврдена волјата за продолжување на зајакнувањето на соработката меѓу Турција и Црна Гора, кои имаат сериозен потенцијал за развој на економската соработка и обемот на трговската размена.