Претседателот на Европскиот совер Доналд Туск, истакна дека лидерите на 27-те членки на ЕУ го усвоиле договорот за повлекување на Велика Британија од Европската Унија.
Лидерите го поддржале договорот по расправа која траела помалку од еден час, откако Шпанија го повлече своето противење поради статусот на Гибралтар.
Договорот сега треба да биде потврден и во Парламентот на Британија, и тука можни се проблеми со оглед дека истиот нема поддршка од мнозинството на пратеници кои бараа нов референдум за Брегзит.
Цели 18 месеци траеја преговорите со ЕУ и Британија за Брегзит. Планирано е Обединетото Кралство да ја напушти ЕУ во март 2019 година.