ЕУ ќе обезбеди 500 милиони евра воена помош за Украина

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни односи и безбедносна политика, Жозеп Борел, на влезот на втородневните сесии на неформалниот Самит на лидерите на ЕУ што се одржа во Франција, рече дека предложил да се обезбедат дополнителни 500 милиони евра за воена поддршка за Украина.

Наведувајќи дека лидерите се договориле за „зголемување на воената поддршка за Украина и продолжување на притисокот врз Русија“, Борел рече дека очекува за кратко време да се реши дополнителната поддршка.

Борел на 27 февруари објави дека ЕУ одлучила да обезбеди оружје во вредност од 450 милиони евра и воена опрема во вредност од 50 милиони евра, како што е заштитна опрема, на украинската армија, и ова ќе биде првпат во историјата на ЕУ.