Свет

ЕУ ќе разговара за можноста за нафтено ембарго кон Русија следната недела

ЕУ ќе разговара за можноста за нафтено ембарго кон Русија следната недела

Високиот претставник на Европската унија за надворешни односи и безбедносна политика Жозеп Борел изјави дека министрите за надворешни работи на ЕУ следната недела ќе разговараат за прашањето дали санкциите го вклучуваат и ембаргото на руската нафта.

Борел зборуваше на почетокот на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО.

Објаснувајќи дека во наредните денови ќе оди во Украина, Борел рече: „Она што и треба на Украина е помалку аплауз и повеќе оружје“.

Изразувајќи дека очекува ЕУ денеска да го одобри најновиот пакет санкции, Борел истакна дека прашањето за ембаргото за нафта ќе биде разгледано на состанокот на министрите за надворешни работи на 11 април.

ЕУ претходниот ден најави дека ќе воведе забрана за увоз од 4 милијарди евра годишно за купување јаглен од Русија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни