ЕУ повторно ќе разговара со САД за царините

Германската министерка за економија, Катерина Рајхе, патува во Вашингтон на разговори на кои Европската унија се обидува да избегне нови царини во трговијата со САД.

На 21 јуни таа ќе се сретне со претставници на администрацијата на претседателот Доналд Трамп и на американската економија. Нејзината посета следи по средбата меѓу новиот германски канцелар Фридрих Мерц и Трамп во Белата куќа.

Германското Министерство за трговија објави дека Рајхе патува конкретно за „да се обезбеди поддршка за ЕУ ​​во чувствителна фаза од преговорите“.

Преку преговори, Брисел се обидува да избегне дополнителни 50 проценти царински давачки за европскиот увоз што Трамп ги најави за 9 јули, пренесува ДПА.

По враќањето во Белата куќа во јануари, Трамп предизвика хаос во светската трговија со низа казнени царински мерки против многу земји. Тој им вети на гласачите зголемување на царините како заштита за домашното производство.

Во меѓувреме, тој ги суспендираше некои од најавените мерки и ги прифати трговските преговори, но во исто време најави и други царински мерки, збунувајќи ги американските трговски партнери.