Компирите често се на нашата трпеза, но внимавајте кога го купувате овој зеленчук. Еден детал открива дали содржи пестициди кои можат да бидат опасни по здравјето.
Зелената кора на компирот може да биде знак дека во зеленчукот има токсични материи.
Имено, прво што треба да се нагласи е дека создавањето зелена боја на кората од компирот е природен процес. Кога оваа храна е изложена на светлина, почнува да се произведува хлорофил, зелен пигмент кој им дава боја на многу растенија и алги.
Затоа, бојата на кората од компирот се менува од жолта или светло кафена до зелена. Потешко е да се забележи зелената боја на компирите кои имаат темно кафеава боја на кожата, но најдобро ќе ја видите кога ќе изгребете или излупите дел од кожата – ако забележите зелени траги под кожата, тоа значи дека токсинот почнал да се развива.
Треба да се нагласи дека хлорофилот кој му дава зелена боја на компирот е сосема безопасен и го има во многу намирници кои ги јадеме секојдневно, но еве уште една опасна супстанца – соланин.
Кога во овој зеленчук се произведува хлорофил поради изложување на светлина, тој го поттикнува производството на супстанца која ја штити оваа храна од инсекти, бактерии, габи… За жал, оваа супстанца, соланин, може да биде токсична за луѓето.
Соланин работи така што го инхибира ензимот вклучен во разградувањето на одредени невротрансмитери. Дејствува и така што ги оштетува клеточните мембрани и може негативно да влијае на пропустливоста на цревата.
Оваа супстанца е присутна во мали количини во кората и месото на компирот, но поради изложување на сончева светлина се произведува во поголеми количини.
Дали лупењето може да помогне?
Нивото на соланин е највисоко во кората на компирот и во таа смисла со лупењето може значително да се намали присуството на овој отров. Истражувањата покажаа дека со лупење се отстрануваат најмалку 30 отсто од соланин од компирот, но повторно, тоа значи дека уште 70 отсто остануваат во месото од овој зеленчук.
Дури и готвењето, пржењето, печењето не помагаат значително да се намали нивото на оваа супстанца, па дури и по термичка обработка, зелениот компир нема да биде побезбеден за јадење.
Доколку забележите само мали дамки со зелена боја на храната, можете да ги исечете и да го изедете останатиот дел од компирот, но доколку зелената нијанса се појави на многу места на зеленчукот, најдобро е да не ја јадете.
За да се спречи производството на соланин во компирот, најдобро е овој зеленчук да се чува на суво и темно место по купувањето, така што сончевата светлина, како и превисоките или прениските температури, нема да влијаат на тоа.