Еве како да препознаете симптоми на западнонилска треска

Маж и жена од Војводина починале од западнонилска треска, соопшти Институтот за јавно здравје „Д-р Милан Јовановиќ Батут“.

Заболувањето било регистрирано кај две лица на возраст од 63 и 50 години со хронични заболувања.

Комарците кои можат да предизвикаат ваква треска се регистрирани на територија на Белград на 5 јули 2021 година.

Западнонилската треска е присутна во Европа од 1960 година. Во последните 15 години, неколку случаи и мали епидемии се регистрирани кај човечката популација во неколку земји од Источна и Јужна Европа.

Како се добива?

Западнонилската треска е вирусно заболување кое се пренесува со убод на заразен комарец.

Главниот пренесувач е Culex pipiens, вид на комарец, а главниот резервоар на зараза се различните видови на птици во кои вирусот се одржува, додека пак човекот е случаен, односно т.н. слеп домаќин и тој не може да ја пренесе.

Кој се најчестите симптоми?

Главоболка, вкочанет врат, дезориентација, кома, тремор, грчеви, мускулна слабост, парализа.

Долгорочни последици како што се хроничен замор, губење на меморијата, тешкотии при одење, мускулна слабост и депресија често се развиваат по претходна инфекција. Смртноста е повисока кај постарите лица, особено кај оние над 75 години.

Повеќето луѓе (80%) заразени со вирусот Западен Нил немаат никакви симптоми или знаци на болеста. Кај мал процент на заразени лица (приближно 20%), симптомите личат на болест слична на грип, со ненадејна појава на треска, главоболка, болка во мускулите и зглобовите, замор, благ минлив осип и лимфаденопатија.

Меѓутоа, кај некои поединци (<1%) се јавува асептичен менингитис или енцефалитис, или невроинвазивна форма на болеста која бара хоспитализација.

Лечење:

За да се потврди инфекцијата со вирусот Западен Нил, потребно е да се потврди присуството на соодветни антитела во цереброспиналната течност кај заболениот пациент.

Не постои специјална терапија за луѓе кои имаат класични клинички симптоми. Препорачливо е да се одмарате што е можно почесто, да пиете поголема количина течности и да го зајакнете имунитетот. Третманот со западнонилска треска обично трае од неколку недели до неколку месеци.