Еве како Рики Мартин ја негува кожата на лицето

Порториканскиот мега популарен поп-пејач Рики Мартин за магазинот „Вог“ покажал кои производи ги користи за нега на кожата на лицето.

Тој вели дека почнал со ова кога имал само 12 години, а му требало долго време за да ја открие рутината што најмногу му одговара.

„Кога ќе влезете во пубертет, вашата кожа едноставно „полудува”. Тогаш морав и да се шминкам, што дополнително ја влоши состојбата. Навистина имав многу проблеми. На крајот морав и посветено да се грижам за себе“, вели Мартин .

50-годшниот пејач сега користи алкална вода, влошки кои ги намалуваат подочниците, хидратантна крема и коцки мраз кои ја подобруваат циркулацијата на крвта во лицето.

„Нанесете спреј од морска сол на врвовите на косата… Одам на турнеја со Енрике Иглесијас во септември. Ќе ми требаат 20 шишиња од овој спреј. Или – куфер, подобро кажано!“, посочува Рики.

Според него, треба прво се грижиш за себе, а потоа може да се грижиш и за се друго.

Тој порачува секогаш да се ставате себеси на прво место!