Еве каква временска прогноза не очекува следната недела, температурите одат во длабок минус!

Од понеделник до средината на неделата времето ќе биде стабилно со услови за појава на магла по котлините и со ниски утринска температура.

Температурата наутро насекаде ќе биде негативна и наместа, пред се во Малешевијата, ќе се спушти и под -15 степени.
Во периодот што следи најстудено ќе биде во понеделник и вторник наутро.

Дневната температура во следните денови постепено ќе се покачи и од среда во најголемиот дел од местата ќе биде над нулата.

Во Скопје утринската температура на почетокот на работната недела во делови од регионот ќе се спушти и до -15 степени.

Поради многу студеното време формираната снежна покривка нема многу да се менува.