Еве кој филм ќе го отвори фестивалот во Венеција

78. Филмски фестивал во Венеција ќе биде отворен со новиот филм на шпанскиот режисер Педро Алмодовар – „Madres paralelas“.

Управата вчера соопшти дека на најстариот филмски фестивал во светот, остварувањето биде вклучено во главната конкуренција.

Во продукцијата учествува и долгогодишната муза, сонародничка и пријателка на шпанскиот киномајстор, глумицата Пенелопе Круз.

Фестивалот ќе се одржи на островот Лидо во Венецијанската Лагуна, од 1 до 11 септември.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното