Македонија

Европа се соочува со нов бран на коронавирус? Македонија засега без дополнителни рестрикции

Европа изминативе денови бележи зголемен број на заразени лица со новите соеви на ковид-19. Само вчера во Шпанија регистрирани над 11 илјади новозаразени, па властите забранија собири над 10 лица, а воведен е и полициски час.

Слично е и во Холанија, а над 2000 новозаразени во Грција.

Кај нас засега едноцифрена бројка на заразени, а тоа за министерот за здравство Венко Филипче е охрабрувачки, па затоа вели дека нема потреба за воведување на нови рестриктивни мерки.

Нема дополнителни рестрикции и за патниците кои влегуваат преку копнените граници.

„Знаме дека ќе има нови мутации, но со рестрикции нема да живееме“, рече Филипче кој повика да се зголеми интересот за вакцинација.

Вчера првата доза на вакцина приминале нешто над 6000 граѓани.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни