Филипче ги објави предлозите на СДСМ за ДИК: Маричиќ за претседател!

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција ги соопшти кадровските решенија на партијата за Државната изборна комисија (ДИК).

За претседател го предлагаат екс вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, а за член досегашниот претседател на комисијата Борис Кондарко.

Истовремено, тој јасно стави до знаење дека опозицијата нема да го поддржи клучниот закон неопходен за функционирање на системот „Безбеден град“.