Во Владата попладнево се одржува средба меѓу премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и претседателот на СДСМ Венко Филипче.
Филипче пред состанокот со премиерот истакна дека очекува конструктивен разговор.
„Искрено очекувам контруктивен разговор. Навистина ми е драго што премиерот го прифати состанокот уште веднаш“, вели тој.
Тој вели дека жали што одредени политички партии се обиделе да уфрлат некаква етничка димензија и дека тоа апсолутно го демантира.
„Повикот за меѓупартиска средба беше, се уште е за сите партии со оглед на тоа што премиерот прв и веднаш прифати. Еве ќе поразговараме за темите коишто сметам дека заеднички треба да се изменаџираат, коишто никогаш досега не биле така менаџирани. Темите ги нафрлив вчера, денеска ќе се обидам подетално да му ги објаснам како и некои предлог начини, така како што ми е мене во моментот размислувањето без претензија дека тоа е вистинскиот начин. Секако дека отворен сум да разговараме за сите опции. Во однос на очекувањата еве како и секогаш да кажам дека сум внимателен оптимист“, рече Филипче