Финансиска полиција поднесе кривична пријава против пет лица за фалсификување документи и уништување деловни книги

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје
поднесе кривична пријава против три физички и две правни лица поради основани
сомненија дека ги сториле кривичните дела Фалсификување или уништување деловни
книги по член 280 ст.2 од КЗ на РМ, Употреба на исправа со невистинита содржина по
член 380 ст.1 и ст.2, Фалсификување службена исправа по член 361 ст.1 од КЗ на РМ и
Помагање по чл.24 од КЗ на РМ.

Првопријавениот И.Б во својство на службено лице во Министерство за енергетика,
рударство и минерални суровини – Биро за метрологија, заради постоење на основано
сомнение дека го сторил кривичното дело Фалсификување службена исправа по член 361 ст.1 од КЗ на РМ.

Второпријавениот З.А во својство на управител на Друштво за производство,
трговија и услуги ТРИТЕРОЛ ПЕТРОЛ ДООЕЛ Скопје, заради постоење на основано
сомнение дека сторил кривично дело Фалсификување или уништување деловни книги по член 280 ст.2 и Употреба на исправа со невистинита содржина по член 380 ст.1 од КЗ на РМ.

Третопријавениот А.З. во својство на управител на правното лице Друштво за трговија,
услуги и градежништво ЛТА ПЕТРОЛ СЕРВИС ДООЕЛ Скопје заради постоење на
основано сомнение дека сторил кривично дело Фалсификување или уништување деловни книги по член 280 ст.2, Употреба на исправа со невистинита содржина по член 380 ст.1 од КЗ на РМ и Помагање по чл.24 од КЗ на РМ.

Четвртопријавеното правно лице Друштво за производство, трговија и услуги
ТРИТЕРОЛ ПЕТРОЛ ДООЕЛ Скопје заради постоење на основано сомнение дека го
сторил кривичното дело Употреба на исправа со невистинита содржина по член 380 ст.2 од КЗ на РМ.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното