Фолксваген ќе го запре производството на електричните автомобили ID.3 и Cupra Born во своите фабрики во Цвикау и Дрезден во Германија во првите две недели од октомври поради послабата побарувачка, изјави портпаролот на автомобилската компанија, цитиран од Ројтерс.
Поради моменталната состојба на пазарот, производството на автомобили ќе биде намалено за време на есенските празници во Саксонија од 2 до 13 октомври во фабриката на Фолксваген во Цвикау, изјави портпаролот.
Производството на моделот ID.3 во Дрезден ќе биде прекинато од 2 октомври и ќе продолжи од 16 октомври.
Фолксваген одби да коментира за бројот на погодените вработени. Производителот на автомобили претходно овој месец соопшти дека нема да ги продолжи договорите на определено време на 269 вработени во неговата целосно електрична фабрика во Цвикау.