65 Нови домашни компании добија грантови од фондот за иновации. Годинава речиси 140 компании добија грантови за иновации за што се одвоени над 16 милиони евра од буџетот. Овој пат меѓу добитниците нема фирми блиски до функционери, иако неколку такви се јавиле на повикот.
Овие пари се од третиот столб од планот за економски раст на владата.Во доделувањето на грантовите присуствуваа премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев. Вицепремиерот Анѓушев рече дека технолошкиот развој и иновациите се главни столбови за економски раст, додавајќи дека единствениот начина Македонија да биде поконкурентна земја надвор од границите, треба да биде продуктивна во овие области.
