Форд повлекува речиси 700.000 возила поради ризик од истекување на гориво

Компанијата „Форд мотор“ повлекува речиси 700.000 возила поради истекување на гориво, операција за која се очекува да ја чини компанијата 570 милиони долари, соопшти компанијата во понеделник.

„Форд“ најави сервисна акција поради истекување на гориво кај одредени модели „Бронко спорт“, „Ескејп“ и „Куга“, соопшти компанијата со седиште во Дирборн, Мичиген.

Според друг документ објавен од американската Национална администрација за безбедност на сообраќајот на автопатиштата во понеделник, делот што служи за поминување на горивото може да пукне и да дозволи горивото да тече во моторниот простор на возилото.

„Истекувањето на гориво во присуство на извор на палење, како што е загреан мотор или компоненти на издувните гасови, може да го зголеми ризикот од пожар“, соопшти агенцијата.

„Проценуваме дека вкупната цена на оваа акција е приближно 570 милиони долари и ќе се одрази во нашите оперативни резултати во вториот квартал од 2025 година“, соопшти компанијата.

По оваа информација, акциите на „Форд“ паднаа за 1,9 проценти на њујоршката берза.