Продажбата на возилата Ford Motor падна за 6,8 отсто минатата година, но еден од најстарите производители на автомобили во Соединетите Американски Држави (САД) тврди дека постигнал значителен напредок на крајот на годината.
Компанијата објави дека минатата година продала 1,9 милиони возила или 6,8 отсто помалку од 2020 година, пренесува SEEbiz.
Со тој резултат, Форд го задржа третото место во вкупната продажба на возила во САД, зад Џенерал Моторс (ГМ) и Тојота, а јапонската компанија ја собори ГМ, која беше број еден американски производител на автомобили во последните 90 години.
Според неговите претставници, Ford во четвртиот квартал продал 508,45 илјади возила, што е зголемување за 26,8 отсто во однос на третиот квартал и подобар резултат од вкупната американска автомобилска индустрија, чија продажба паднала за околу три отсто во однос на кварталот.
Форд годината ја заврши со 247 илјади возила на залиха, што е за 22 илјади повеќе од ноември, откако поради недостаток на чипови на почетокот на годината залихите паднаа на најниско ниво.