ФОТО Авантуристичко патување: Битолчанец со комбе поминал 3.000 километри до Сардинија

Битолчанецот Далибор Митковски објави на групата Олдтајмер Македонија на Фејсбук дека со неговото Фолксваген комбе започнал патување до италијанскиот остров Сардинија.

Во рамките на патувањето, тој ги посетил и Анкона, потоа Хрватска и Црна Гора, поминувајќи вкупно околу 3.000 километри и користејќи четири фериброда за да стигне до своите дестинации.

Неговата објава привлече бројни позитивни коментари од други љубители на олдтајмерите, кои го поздравуваат неговиот авантуристички дух и љубовта кон класичните возила.