ФОТО Ганиу промовираше порта меѓу Бит Пазар и Старата Чаршија: Од големо значење за урбаниот и културниот идентитет на градот

Градоначалникот на Чаир Висар Ганиу промовираше така наречена Поврзувачка порта меѓу Бит Пазар и Старата Чаршија. За ова информираа од службата на информирање на општина Чаир преку соопштение до медиумите.

„Денес, Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, официјално ја промовираше Поврзувачката Порта меѓу Бит Пазар и Старата Чаршија, проект со големо значење за урбаниот и културниот идентитет на градот“, се вели во испратеното соопштение.

Објектот бил изграден од челик и стакло и според општината „претставува функционален и естетски влез, кој создава природна врска меѓу двата најзначајни трговски простори во градот“.

„Покрај заштитата од атмосферските влијанија, оваа инвестиција го збогатува урбаниот карактер на Чаршијата, зачувувајќи го духот на живиот и динамичен пазар“, се додава во соопштението.

„Градоначалникот Ганиу ја истакна важноста на овој проект како симбол на спојот меѓу традицијата и модерното, кој ја подобрува инфраструктурата и искуството на граѓаните и посетителите“, заклучуваат од општина Чаир.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното