Вчера на повеќе телевизии во стоп-кадар стоеше официјалната табла на велешката полиција, двојазична, на македонски и на англиски јазик, на која во англискиот превод зборот „внатрешни“ е напишан како INTEPIOR, односно наместо латинично „R“ напишана е „Р“ на кирилица, пренесува plusinfo.mk.
Освен тоа, описот „Полициска станица од општа надлежност“, мошне незграпно е преведен како „Police station of general competence“. Зборот „competence“ во англискиот повеќе одговара на нашето „стручност“, „квалификуваност“ отколку „надлежност“.
Како што гледаме, целата табла е прилично „стручно“ направена. Прашање е само кој е задолжен да ги проверува ваквите печатни, лекторски или смисловни грешки на официјалните државни табли и кој е „компетентен“ да ги отстрани?