Конечно се отстрануваат канделабрите кои беа поставени пред неколку години на плоштадот „ВМРО“
Се работи за т.н. канделабри од метал со различни елементи кои имитираат барокен стил а беа поставени во близина на седиштето на партијата ВМРО-ДПМНЕ.
Како што може да се забележи од фотографиите, екипите на терен извршија демонтирање и товарење на канделабрите во камион, а со тоа се ослободува просторот каде што беа поставени.