ФОТО Самиот си ископал гроб, па секоја вечер спие во него

Ахмет Карабела (78), земјоделец од провинцијата Амасија, Турција, сам си ископал гроб, за кога ќе почине да не им биде на товар на другите, а во него ноќе спие.

Според турскиот портал Хеберлер, Карабела, кој живее во селото Салучу со својата сопруга, внимателно го подготвил своето гробно место, покривајќи го со најлон, а неговото последно барање било да не биде сместен во мртовечница.

„Сам си го ископав гробот за никому да не бидам на товар. Ако даде Господ, нека ме погребаат овде,“ изјавил Карабела, кој е татко на пет деца.

Познат по копањето гробови за мештаните

Во селото со 150 домаќинства, Карабела е познат како човекот што копа гробови за своите сограѓани при погреби.

Неговата необична одлука да спие во гробот што самиот го ископал предизвика големо внимание во јавноста, а локалното население го почитува неговото дело, иако многумина ја сметаат неговата постапка за несекојдневна и морничава.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното